Достапни линкови

Милошоски на Министерска конференција во Вилнус


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе учествува на Министерската конференција на Заедницата на демократии, која се одржува во Вилнус, Литванија. На оваа, шеста министерска конференција ќе се расправа за натамошно промовирање на демократијата и демократските принципи, за јакнење на демократските стандарди во новите и демократиите во транзиција, за унапредување на принципите на владеењето на правото, како и за неодамнешните промени и настани во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток. На министерската конференција во Вилнус ќе учествуваат премиери, вицепремиери и министри за надворешни работи, меѓу кои и државната секретарка на САД, Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG