Достапни линкови

logo-print

Полска го презема претседавањето со ЕУ од Унгарија


Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја осветли претседателската палата со боите на Полска и на ЕУ да го означи почетокот на полското преетседавање со Унијата.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја осветли претседателската палата со боите на Полска и на ЕУ да го означи почетокот на полското преетседавање со Унијата.

Полска денеска го презема претседавањето со Европската унија од Унгарија. Цел на најголемата бившо-комунистичка членка на ЕУ е да го зајакне заедничкиот пазар, да ја прошири Унијата на Западен Балкан и да ја поврати довербата во европските институции.

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј ќе ја посети Полска, каде ќе се сретне со премиерот Доналд Туск.

Вчера, на еден ден пред официјалното преземање на претседателството, илјадници работници во Полска на протест упатија порака до полските власти, но и до ЕУ, дека политиките што ги спроведуваат паѓаат врз грбот на работниците. Протестот, организиран од синдикатот Солидарност, се одвиваше под слоганот „Политката ваша, бедата наша“.
XS
SM
MD
LG