Достапни линкови

Строс-Кан бара промени на условите за кауција


Поранешниот претседател на ММФ, Доминик Строс-Кан.

Поранешниот претседател на ММФ, Доминик Строс-Кан.

Поранешниот претседател на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс-Кан денеска треба да се појави во судот во Њујорк, за да побара промени на условите за неговата кауција. Строс-Кан беше уапсен на 14 мај, а подоцна и обвинет за сексуален напад на собарка во еден хотел во Њујорк. Веднаш потоа, тој поднесе оставка на местото шеф на ММФ. Пред судот се изјасни за невин и понуди 1 милион долари во готово и 5 милиони во обврзници како кауција, за да остане во домашен притвор во Менхетен. Ако биде осуден, се соочува со казна затвор од 25 години.
XS
SM
MD
LG