Достапни линкови

Русија-црна листа на странци прекшители на руските права


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска го поддржа закон кој ќе и се овозможи на Русија да ги стави на црната листа странците обвинета за кршење на човековите права на Русите во странство. Лавров изјавил дека потегот е „апсолутно фер“. Група на руски пратеници поднесе закон кој ќе овозможи Москва да им забрани влез на странски државјани обвинети за кршење на правата на Русите во странство и да ги замрзне нивните сметки во руските банки. На предлог-законот се гледа како на знак на одмазда , откако група американски законодавци повикаа да се казнат руските официјални лица кои се одговорни за смртта адвокат Сергеј Мaгнитски. Тој работеше во Западен инвестициски фонд и беше обвинет за даночно затајување. Почина во 2009 година откако помина една година во притвор без воопшто да му се суди за кривично дело.
XS
SM
MD
LG