Достапни линкови

logo-print

Авганистан-уапсени двајца директори на Кабул Банка


Авганистаснките власти соопштија дека се уапсени двајца поранешни директори кои се вмешани во колапсот на Кабулската банка. Уапсени се поранешниот шеф на банката Шерјхан Фарнод и поранешниот извршен директор Калилула Ферози, за измами и проеневера на стотици милиони долари. Вчера властите издадоа потерница за апсење на поранешниот гувернер Абдул Кадир Фитрат, кој се наоѓа во САД. Тој претходно си даде оставка и изјави дека се плаши за својот живот.
XS
SM
MD
LG