Достапни линкови

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се повлекува од функцијата поради лични и семејни причини.

Својата одлука Милошоски, како што објасни, ја донел уште пред околу шест месеци кога за тие семејни причини го информирал претседателот на Владата. Тој разговор, како што кажа, бил држен во дискреција и го продолжиле по парламентарните избори, кога била укажана полна доверба и истовремено полно разборање.

„Во мојата досегашна политичка кариера сум имал прилика да соработувам со повеќе македонски политичари, но како никогаш досега подолго, подобро и со поголема доверба не сум имал прилика и чест да соработувам како што соработував и ќе продолжам да соработувам со претседателот на владата Никола Груевски.“
Мојата одлука не е политичка туку е човечка и родителска. ВМРО-ДПМНЕ има добри човечки потенцијали и јас сум уверен дека има неколкумина добри и способни луѓе коишто можат да бидат добри министри за надворешни работи. Министер може да биде и некој друг, но татко на мојот син не може да биде никој друг освен мене.

Дилемата беше дали да се биде добар министер или треба да се биде уште подобар татко. Вака Милошоски ја објасни својата одлука за која рече дека не била лесна, но додаде дека смета од ВМРО ДПМНЕ има добри кандидати за негов заменик:

„Мојата одлука не е политичка туку е човечка и родителска. ВМРО-ДПМНЕ има добри човечки потенцијали и јас сум уверен дека има неколкумина добри и способни луѓе коишто можат да бидат добри министри за надворешни работи. Министер може да биде и некој друг, но татко на мојот син не може да биде никој друг освен мене.“

На новинарско прашање кој ќе биде негов наследник, рече дека се разгледуваат неколку опции, но оти не сака да шпекулира. Неговото повлекување, како што рече не било поврзано со начинот на кој тој ја остварувал својата улога како миниситер во поглед на евроатланските аспирации на земјава или релациите со Атина. Тој од министерската функција ќе отиде на пратеничкото место во Собранието, каде ќе биде претседател на Комисијата за надворешна политика. Антонио Милошоски беше на функцијата министер за надворешни работи од 2006 година. Пред објавувањето на одлуката за повлекување, Милошоски вчера беше на министерскиот Самит на Југоисточна Еврпа во Будва на кој се разговараше за прашања поврзани со Евроатланската интеграција на регионот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG