Достапни линкови

logo-print

Иванов: Грција да се однесува европски кон Македонија


Грција како земја членка на Европската унија да се однесува европски кон Македонија како кандидат за влез во Унијата, порача претседателот Ѓорге Иванов, за време на Самитот на шефови на држави и влади, што се одржува во Црна Гора.
Секогаш го потенцираме проблемот што го имаа Словенија и Хрватска и како тие најдоа решение. Се повикуваме на тоа искуство и бараме секоја членка на Европската унија кон кадидатите да се однесува европски. Тоа го бараме и од Грција како членка на ЕУ со Македонија како земја - кандидат да се однесува европски, рече Иванов.
XS
SM
MD
LG