Достапни линкови

ОН розочарани што Кина не го уапси суданскиот лидер


Башир и Џинтао во Пекинг

Башир и Џинтао во Пекинг

Комесарот за човекови права нa ОН Нави Пилај изјави дека е разoчарана што Кина не успеа да го уапси суданскиот лидер Омар ал-Башир, кој се бара за геноцид. Пилај изјави дека секоја влада, вклучувајќи ја и кинескaта, има обврска и одговорност да му помогне на Меѓународниот кривичен суд. Башир кој денеска пристигна во Пекинг, беше дочекан на црвен тепих, а добредојде му посака кинескиот претседател Ху Џинтао. Тоа предизвика гнев кај Вашингтон и кај групите за човекови права. Башир се бара од страна на Меѓународниот кривичен суд за обвинијата за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото, направени во регионот Дарфур, каде околу 300 илјади луѓе беа убиени.
XS
SM
MD
LG