Достапни линкови

Штрајк на британските работници поради пензиски реформи


Илјадници работници во јавниот сектор во Велика Британија стапија во 24-часовен штрајк денеска поради најавените измени во пензискиот систем. Според предложените реформи , работницте ќе мора да работат подолго и ќе мораа да плаќаат повисоки придонеси за пензии. Владата вели дека реформите се потребни за да се редуцира буџетскиот дефицит кој изнесува повеќе од 10 проценти. Поради штрајкот, многу владини институции, училишта се затворени. Работниците за попладнево планираат протестен марш низ улиците на Лондон.
XS
SM
MD
LG