Достапни линкови

Ќе го одолжи ли грчката финансиска криза решавањето на спорот за името или пак ќе го забрза процесот?

Грција си има маки со пари, Македонија со зачленување во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Дел од домашните експерти со кои разговаравме коментираат дека финансиската криза кај јужниот сосед ќе го одложи решавањето на спорот за името „за некои подобри времиња“ и со
Кога тие би сакале да ја притиснат за да омекне нејзиниот став, и тука се мисли нели на европските сојузници Германија, Франција и другите големи сили, кои би можеле да ја условат финансиската помош што и ја даваат на Грција со решавањето на спорот.
тоа Македонија ќе остане надвор од евроатлантските организации. Сепак, велат професорите Владимир Ортаковски и Мерсел Биљали, грчката криза може и да го забрза решавањето на спорот, но за тоа треба да се исполнат одредени услови.

Професор Оратковски вели дека дека едното сценарио е дека поради кризата, грчките политичари дополнително ќе ги „забетонираат“ своите позиции. Грчката власт ќе внимава, некоја нивна постапка да не биде протолкувана како знак на слабост, вели тој. Ортаковски посочува дека како резултат на кризата може да дојде и до предвремени избори во Грција, со што решавањето на спорот би се одложило за уште најмалку неколку месеци. Во овој случај, решение е можно само ако ЕУ и САД извршат притисок врз Грција, вели тој.

Од демонстрациите во Атина

„Кога тие би сакале да ја притиснат за да омекне нејзиниот став и тука се мисли нели на европските сојузници Германија, Франција и другите големи сили кои би можеле да ја условат финансиската помош што и ја даваат на Грција со решавањето на спорот, односно со нејзина
пофлексибилна позиција за решавање на спорот, што не гледаме дека се случува, тогаш позицијата на Грција би била пофлексибилна и би имало повеќе шанси решавањето на спорот да оди напред.“
Не сме толку значајни за банкротот на Грција да го условуваме со решавање на спорот за името. Сепак мислам дека тоа е прашање на калкулацијата на Папандреу, дали тој конечно знаејќи дека нема да ја добие „палката“ во идната влада ќе реши еден важен проблем.

Професор Мерсел Биљали се согласува дека има две дијаметрално спротивни сценарија за тоа како кризата во Грција ќе се одрази на решавањето на спорот за името. Едното е веќе познатото – грчката власт во вакви услови нема енергија да решава други проблеми што не им се приоритетни, кога над глава им виси можен банкрот. Другото сценарио е, Папандреу, знаејќи дека ќе падне од власт, да одлучи да реши друг проблем што Грција го „влече“ со години. Сепак, Биљали се сомнева дека западните сили би извршиле притисок врз Грција заради решавање на спорот со Македонија.

„Јас мислам дека не сме толку значајни за банкротот на Грција да го условуваме со решавање на спорот за името. Сепак, мислам дека тоа е прашање на калкулацијата на Папандреу, дали тој конечно знаејќи дека нема да ја добие „палката“ во идната влада ќе реши еден важен проблем, долгогодишен проблем со кој во наредните избори ќе се пофали.“

Тој вели дека во ваква ситуација, Македонија треба да биде поактивна и да поведе иницијатива за побрзо решавање на спорот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG