Достапни линкови

Либиските бунтовници побараа да бидат снабдени со оружје


Либиските бунтовници кои се борат против режимот на Моамер Гадафи денеска соопштија дека им е потребно повеќе и подобро оружје, да да ја добијат борбата со безбедносните сили. Тоа го побара Махамед Џибирил претседателот на Националниот преоден совет за време на посетата на Австрија. Франција вчера соопшти дека им испратила оружје на либиските бунтовници, но дека со тоа не го крши ембаргото за орижје, туку оружјето нависитина им требало за да ги заштитат цивилите. Кинескиот преставник во Советот за бебздност на ОН денеска побара нациите вклучени во либискиот конфликтот да избегнат било каква акција која оди подалеку од мандатот и овластувањата на ОН за воена акција и за заштита на цивилите во Либија. И британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг денеска соопшти дека им испратиле полициски униформи и техника за комуникација на бунтовниците во Бенгази
XS
SM
MD
LG