Достапни линкови

logo-print

Хрватска и официјално ги завршува преговорите со ЕУ


Хрватска денеска попладне ќе ги затвори последните четири поглавја и на тој начин официјално ќе ги заврши преговорите за членство во ЕУ, објави хрватската телевизија.
Тоа ќе се случи на меѓувладина конференција за присоединување, која ќе се одржи на ниво на министри, неколку часа пред крајот на унгарското претседавање со ЕУ.
На средбата во Брисел минатата недела ЕУ побара Европскиот совет да ги преземе сите потребни решенија за затворање на останатите поглавја до крајот на јуни и за потпишување на Договорот за присоединивање до крајот на оваа година.
Процесот на одобрување на членството на Хрватска се очекува да трае околу 18 месеци.
XS
SM
MD
LG