Достапни линкови

logo-print

Шварценберг - Србија да добие кандидатски статус


Karel Schwarzenberg, Czech Foreign Minister

Karel Schwarzenberg, Czech Foreign Minister

Шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг изјави дека во евроинтеграцискиот процес Србија повеќе не треба да се условува, туку треба да и се додели кандидатски статус.
- Се уште се разговара за тоа Србија истовремено со кандидатурата да добие и датум за почеток на пристапни преговори. Чешка силно го поддржува процесот за проширување на ЕУ на Западен Балкан, но има и такви кои сметаат дека треба да се напарви пауза по членството на Хрватска во ЕУ, но тоа се само некои лични мислења, истакна Шварценберг.
Идеите за поделба на Косово, кои се почесто се слушаат, според него не се добри, бидејќи треба да се прекине со поделби.
- Прво ќе го делиме Косово, па потоа Босна, па северниот дел на Србија, а потоа велиме дека Унгарија треба да земе дел од Војводина... Новите поделби во Европа би резултирале со пекол, како што се случи во првата половина на минатиот век, оцени чешкиот министер за надворешни работи
XS
SM
MD
LG