Достапни линкови

logo-print

Во Скопје меѓународна конференција за енергетска ефикасност


Во организација на Агенцијата за енергетика на Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи Меѓународна конференција на тема „Бизнис планирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на земјите од Југоисточна Европа“.
Целта на конференцијата е на едно место да ги собере изработувачите на проектите и финансиерите за да се воспостави дијалог помеѓу различните чинители заинтересирани за проекти од енергетската ефикасност и обновливата енергија, како и да се подобри знаењето за меѓународните стандарди за неопходната проектна документација.
Организацијата на конференцијата е потпомогната од Центарот за климатски промени, норвешката компанија Норск Енерџи и Економската комисија на ОН за Европа.
XS
SM
MD
LG