Достапни линкови

Лидерите од Југоисточна Европа на средба на Свети Стефан


Лидерите на земјите од Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе се сретнат на црногорскиот остров Свети Стефан, крај Будва. На Самит на шефови на држави и влади, членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа.ќе присуствува Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.Со оваа средба на високо ниво завршува едногодишното ротациско претседателство на Црна Гора со Процесот. Учеството на средбата го потврдија и претседателите на Србија, Хрватска, Албанија и Молдавија Борис Тадиќ, Иво Јосиповиќ, Ѓорѓе Иванов, Бамир Топи и Мариан Лупу, претседателот на босанското претседателство Небојша Радмановиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов и министрите за надворешни работи на Турција и Грција Ахмет Давутоглу и Ставрос Ламбринидис.
XS
SM
MD
LG