Достапни линкови

Судири во Грција, Парламентот треба да гласа за закон за примена на радикалниот план економски мерки



Полицијата на Грција изутрината се судрила со луѓето што протестираат пред Парламентот спроти гласањето на коесе очекува да се усвои законот за примена на мерките за штедење за периодот од 2011 до 2015 година.Центарот на Атина синоќа изгледаше како бојно поле по повеќе часовните судири на полицијата и стотици вандали кои се измешаа меѓу демонстрантите за време на протестите против новите мерки на штедење.Кон крајот на денот улиците околу плоштадот Синдагма беа покриени со камења и мотки со кои напаѓачите фрлаа врз полицијата, а уништени беа и прозорците на автобуските станици и излозите. Фасадите на зградите на неколку банки се прекриени со чад од пожарот кој самонаречените анархисти го запалиле со молотови коктели додека полицијата ги разбивала со шок бомби и солзавец.Околу сто лица се во болница поради повреди на главата или гушење од хемикалии.31 полицаец се на болничко лекување а полицијата соопшти дека 11 лица се приведени.Според проценките на власата околу 600 лица учествувале во насилствата измешуавјки се меѓу демонстрантите на кои имаше повеќе од 20 000 луѓе.Судирите во Атина пламнаа веднаш отако Парламентот го изгласа пакетот ригорозни петогодишни буџетски мерки за штедње на јавните расходи. Тие мерки се услов странските кредитори да и помогнат на Грција да ги отпалти долговите.
XS
SM
MD
LG