Достапни линкови

Ќе започне со работа Вишиот управен суд


Министерот за правда Михајло Маневски ќе го означи почетокот на функционирањето на Вишиот управен суд.Согласно Законот за управни спорови, Вишиот управен суд одлучува по жалби против одлуките на Управниот суд донесени во прв степен.Судскиот совет на Македонија на седницата одржана минатиот месец ја избра Розалија Кочковска за прв претседател на новоформираниот Виш управен суд.Судијата Кочковска доаѓа на новата функција од местото претседател на Управниот суд.Вишиот Управен суд е 11-та нова институција која е основана согласно реформите во правосудниот систем.
XS
SM
MD
LG