Достапни линкови

Атина-демонстрантите нападнаа пратеник што гласал за штедење


Грчките демонстранти попладнево пред парламентот го нападнале пратеникот на владеачката партија ПАСОК Александрос Атанасиадис, кој имаше изјавено дека нема да го поддржи радикалниот план со мерки за штедење , но денеска го промени своето мислење и гласаше „за“ планот. Група од околу 20 демонстранти фрлале шишиња и столици врз Атанасиадис, кој беше следен од петмина полицајци, откако ја напушти зградата на парламентот.
Телевизиите го покажаа како си го држи увото, но полициски извори соопштија дека не е повреден.
XS
SM
MD
LG