Достапни линкови

Младите ја повикуваат Јанкуловска на дебата


Младите што протестираат против полициската бруталност, денеска упатија барање до министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска да присуствува на нивната јавна дебата зад спомен куката на Мајка Тереза.
Тие инсистираат на отворена дебата, а не на средба во МВР. Луѓето кои протестираат не отстапуваат и од барањето Јанкуловска и Котевски да поднесат оставка.
Министерката Јанкуловска пред два дена изјави дека е подготвена за средба со секој граѓанин, кој ќе го побара тоа.
Со протестите по скопските улици продолжуваат по конституирањето на новата влада.
XS
SM
MD
LG