Достапни линкови

Русија од петок пак ќе ја снабдува Белорусија со струја


Русија ќе го обнови снабдувањето со струја на Белорусија, до крајот на петок, откако ќе ја добие задоцнетата исплата од Минск. Од државната компанија за производство на електрична енергија потврдија дека во рок од два дена испораката ќе продолжи. Нивниот коментар доаѓа откако од белоруското министерство за енергија изјави дека од државната компанија ја платиле и втората рата од долгот кон руската компанија. Русија го запре снабдувањето со струја на Белорусија ,поради неплатени сметки.
XS
SM
MD
LG