Достапни линкови

logo-print

Папандреу ги протна мерките за штедење „низ иглени уши“. Судирите меѓу групи млади луѓе и полицијата попладнево се обновија на централниот плоштад во Атина, веднаш по прифаќањето на новиот план со мерки за штедење од страна на парламентот.

Грчкиот парламент со тесно мнозинство од 17 пратеници ги подржа владините мерки за штедење на 28,5 милијарди евра. За мерките гласаа 155 пратеници, а против нив беа 138. Гласањето се одвиваше во напната атмосфера, додека пред Парламентот илјадници луѓе протестираа против мерките. Меѓународниот монетарен фонд и Европската Унија ја условија
Ние мора по секоја цена да го избегнеме колапсот на земјата. Ние секогаш мора да бидеме во можност да разговараме за сегашноста и за иднината, за да може да се поправат нашите грешки.
Грција со усвојување на пакетот мерки, ако сака да го добие следниот заем од предвидените 110 милијарди евра. Пред гласањето, грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја истакана важноста од усвојувањето на мерките.

„Ние мора по секоја цена да го избегнеме колапсот на земјата. Ние секогаш мора да бидеме во можност да разговараме за сегашноста и за иднината, за да може да се поправат нашите грешки на патот, колку што е потребно. Многу луѓе протестираа надвор. Некои од нив бидејќи ова е болна неправда. Тие навистина страдаат“, рече Папaндреу.

Од почетокот на расправата за мерките за штедење во Грција трае 48-часовниот штрајк на работниците. Луѓето што протестираа пред Парламентот се противат на мерките.

Полицијата користеше солзавец против демонстрантите на плоштадот Синтагма во Атина.

„Навистина постои разлика меѓу волјата на луѓето и на оние во Владата. Јас сум еден од оние среќните, оние на кои најмалку ќе се одразат мерките за штедење. Јас сум педијатар, но дојдов дури од Солун за иднинaта на моите деца, за иднината на оваа земја“, изјави еден од луѓето кои протестираа во Атина.

Грција направи животно важен чекор напред, оддалечувајќи се од сценаријата за несупех, се посочува во заедничката изјава на претседателите на Европскиот совет, Харман ван Ромпуј, и на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Според двајцата, гласањето е израз на национална одговорност.
Навистина постои разлика меѓу вољата на луѓето и на оние во Владата. Јас сум еден од оние среќните, они на кои најмалку ќе се одразат мерките за штедење. Јас сум педијатар, но дојдов дури од Тесалоники, за иднинaта на моите деца, за иднината на оваа земја.

Судирите меѓу групи млади луѓе и полицијата попладнево се обновија на централниот плоштад во Атина, веднаш по прифаќањето на новиот план со мерки за штедење од страна на парламентот.

Околу 17 часот по локално време во близина на парламентот и до кампот на движењето на „незадоволните“ на плоштадот Синтагма, групи со качулки предизвикаа инциденти со силите за борба со безредијата, кои употребија солзавец. Демонстрантите, спас од солзавецот, побараа во атинското метро.

Поради последните случувања во Грција и демонстрацијата на насилство во главниот град, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги предупредува сите македонски граѓани кои имаат намера да патуваат во оваа земја или веќе престојуваат таму, да избегнуваат да патуваат во Атина и во другите поголеми градови, како и присуство на јавните собири, се наведува во писмена препорака од МНР.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG