Достапни линкови

Обновени судирите пред грчкиот парламент


Судирите меѓу групи млади луѓе и полицијата попладнево се обновија на централниот плоштад во Атина, веднаш по прифаќањето од страна на парламентот на новиот план со мерки за штедење, соопштија агенциите, повикувајќи се на грчките телевизии. Претпладне 34 луѓе, од кои 19 полицајци, беа примени во болници како резултат на судирите, а полицијата уапси три лица. Еден од луксузните хотели на плоштадот во центарот на Атина е евакуиран како мерка на претпазливост.
Околу 17 часот по локално време во близина на парламентот и до кампот на движењето на „незадоволните“ на плоштадот Синтагма групи со качулки предизвикаа инциденти со силите за борба со безредијата, кои употребија солзавец. Демонстрантите спас од солзавецот побараа во атинското метро
XS
SM
MD
LG