Достапни линкови

ЕУ ја поздравија одлуката на грчкиот парламент


Папандреу и Ромпуј

Папандреу и Ромпуј

Грција направи животно важен чекор напред, оддалувајќи се од сценаријата за несупех , се посочува во заедничката изјава на претседателите на Европскиот совет Харман ван Ромпуј и на Европската комисија Жозе Барозо. Според двајцата, гласањето е израз на национална одговорност. Погледот на Европа утре повторно ќе биде насочен кон Атина, кога парламентарците ќе гласаат за неопходните мерки за спроведување на реформите, се посочува во изјавата.
Ако и при следното гласање резултатот биде позитивен, тоа ќе го истурка патот за доделување на следниот дел од финансиската помош, изјавуваат двајцата европски лидери. Тие дополнуваат дека поддршката за мерките ќе обезбеди и брзо договарање на вториот пакет финаниска помош, со која Грција ќе се придвижи напред и ќе ги врати надежите на својот народ.
XS
SM
MD
LG