Достапни линкови

Грција- демонстрантите го нападнаа Министерството за финансии


Грчките демонстранти ја нападнаа зградата на Министерството за финансии, што се наоѓа на плоштадот Синтагма, во близина на зградата на парламентот, во момент кога пратениците гласаат за радикалниот план за штедење, пренесоа агенциите.
Околу 30 луѓе со стапови и железни прачки го нападнаа министерството, кршејќи ги прозорците на зградата. Тие беа одбиени од полицијата, која употреби солзавец и ги растера во соседните улици.
Тројца демонстранти се ранети во инцидентот, што се случи малку повеќе од два часа по судирите меѓу полицијата и демонстрантите, кои минаа преку препреките пред парламентот на плоштадот Синтагма.
XS
SM
MD
LG