Достапни линкови

logo-print

ЕУ загрижена поради политичката ситуација во Турција


Европската унија денеска изрази загриженост поради политичката ситуација во Турција, каде пратениците од најголематга опозициска Републиканска народна партија одбија да положат заклетва во Парламентот во знак на протест поради што двајца нивни пратеници се во притвор. Европската комисија внимателно и со загриженост ја следи ситуацијата, изјави Маја Кочијанчиќ, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Таа наведе дека Турција набрзо ќе се соочи со важни предизвици кои ќе бараат учество на сите демократски сили.
Церемонијата на положување на заклетва во новиот турски Парламент вчера беше бојкотирана од 35 новоизбрани курдски пратеници и од 135 пратеници од Републиканската народна партија.
XS
SM
MD
LG