Достапни линкови

logo-print

На медиумите им е потребна саморегулација и Совет за етика


Да се формира Совет за етика во медиумите во Македонија, е една од иницијативите предложена на денешната конференција „Саморегулација на медиумите“. Учесниците на конференцијата се на став дека македонските медиуми ја губат гледаноста и читаноста. Јавноста се помалку им верува и ги смета за необјективни. Тие, наместо да им се обраќаат на граѓаните и да работат за јавниот интерес, кокетираат со бизнисот и политиката, а од тоа само тие самите имаат штета. Затоа е потребно да се преземат чекори како што е процесот на саморегулација, кој ќе помогне тие да се извлечат од таквата состојба да и се вратат на јавноста и да се изградат по демократски и професионални стандарди.
XS
SM
MD
LG