Достапни линкови

Обвинети пакистански безбедносни сили за убиство


Пакистанскиот антитерористички суд денеска обвини шест припадници на елитните паравоени сили и еден цивил за обвиненијата поврзани со убиството на невооружен млад човек, кое било снимено со камера. Обвинителот изјавил дека сите седум луѓе се изјасниле дека не се виновни. Случајот е редок пример кога се обвинети припадници на безбедносните сили на Пакистан. Убиството на момчето овој месец предизвика голема вознемиреност откако видеоснимката на која се гледа целиот чин беше емитувана постојано на телевизија. Ако се докаже дека се виновни , обвинетите ги чека смртна казна.
XS
SM
MD
LG