Достапни линкови

logo-print

Судењето на Тимошенко одложено за на 4 јули


Тимошенко се поздравува со приврзаниците пред судот во Киев

Тимошенко се поздравува со приврзаниците пред судот во Киев

Судењето на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко кое требаше да започне денеска во Киев е одложено за на 4 јули. Тимошенко е обвинета за злоупотреба на функцијата во врска со договорот за испорака на гас со Русија во 2009 година. Тимошенко ги отфрли обвинувањата и оцени дека станува збор за политички мотивиран случај оркестриран од претседателот Виктор Јанукович. Пред судницата поранешната премиерка денеска пристигна опкружена со своите подржувачи. Доколку се докаже дека е виновна, Тимошенко може да биде осудена на најмалку седум години затвор.
XS
SM
MD
LG