Достапни линкови

logo-print

Евроинтеграциите би требало да ги преземе ДУИ. Но, справувањето со проблемите треба да биде заеднички владин предизвик.

Со новата прераспределба на министерските фотелји, Демократската унија за интеграции би требало да го преземе раководењето на евроинтеграциите во владата. Македонија повторно се наоѓа пред истите предизвици - НАТО, Европската унија и решавањето на спорот со Грција околу
Дострелот на ДУИ не е многу далечен бидејќи главната работа што треба да се заврши е помеѓу македонските партии за изнаоѓање на компромисно решение, затоа што во спротивно доколку тоа остане само работа на албанската партија може да доведе до една незгодна меѓуетничка
тензија.
разликите за името. По изборите растат очекувањата од старо-новата влада и од претствниците на меѓународната заедница Македонија да се фокусира на неколку прашања, пред се тука е прашањето за името.

„Сега е моментот кога лидерство треба да ја препознае отворената можност и да го реши спорот со името“, оцени вчера американскиот амбасадор Филип Рикер.

По изборите, и еврокомесарот Штефан Филе изјави дека е важно нашата земја да биде дел од темпото за проширување.

Пред предизвик да ги придвижи процесите сега е исправена ДУИ. Оваа партија има ветено на своето членство дека тоа е она за што ќе се залага.

ДУИ пред предизвик со ресорот за евроинтеграции во новата влада

„Дострелот на ДУИ не е многу далечен бидејќи главната работа што треба да се заврши е помеѓу македонските партии за изнаоѓање на компромисно решение, затоа што во спротивно доколку тоа остане само работа на албанската партија може да доведе до една незгодна меѓуетничка тензија“, оценува професор Денко Малески од Правниот факултет во Скопје.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани посочува дека во наредните месеци новата власт ќе треба да покаже колку е вешта да ги решава проблемите. Самата определба на ДУИ да раководи со Секретаријатот за евроинтеграции, со вицепремиерското место во владата значи поголема
Нивниот ангажман мислам дека ќе биде многу поинтензивен по однос на меѓународниот фактор, структурите во ЕУ и во Стејт департментот односно САД, меѓутоа сето тоа зависи како премиерот ќе биде расположен за правците во надворешната
политика.
сериозност во воспоставување контакти и ангажирање во врска со интеграциите, а со тоа и изнаоѓање компромис за името, вели Рамадани.

„Нивниот ангажман мислам дека ќе биде многу поинтензивен по однос на меѓународниот фактор, структурите во ЕУ и во Стејт департментот односно САД, меѓутоа сето тоа зависи како премиерот ќе биде расположен за правците во надворешната политика.“

Во македонската политика има и многу тактизирања околу ова прашање. Предизборно, опозицијата со својот став за референдум се прилагоди кон позицијата на владата.

„Барем за нешто се согласиле, меѓутоа тоа имплицира дека тие би требало да работат во таа насока, тоа е она што не го забележуваме и оттаму голем скептик сум дека работите ќе се движат во насока на решение“, нагласува Малески.

Америка и ЕУ имаат заеднички став по ова прашање, односно дека решавањето на спорот со Грција треба да биде во надлежност на политичките елити на Македонија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG