Достапни линкови

logo-print

Во нападот во хотелот во Кабул убиени најмалку 10 цивили


Во синоќешниот петчасовен напад на талибанците врз еден од најголемите хотели во Кабул, загинале најмалку 10 цивили и шесттемина бомбаши самоубијци, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Напаѓачите, вооружени со елеци со експлозив, автоматско оружје и ракети упаднале во хотелот Интерконтинентал, каде што обично се сместуваат странци и авганистански официјални претставници. Шефот на кабулската полиција Ајуб Саланги изјави дека сите убиени цивили биле авганистанци. За денеска во тој хотел беше закажана конференција за трансфер на одговорноста за безбедноста на земјата врз авганистанските сили што треба да почне во идниот месец. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
XS
SM
MD
LG