Достапни линкови

Русија ја прекина испораката на струја за Белорусија


Русија на полноќ ја прекина испораката на електрична енергија на Белорусија поради неисплатен долг, сооопшти руската компанија Интер РАО. Долгот на Белорусија достигнал дваесет милиони долари и требаше да го исплати до 20 овој месец. Потпретседателот на руската влада Игор Сечин изјави дека прекинот на снабдувањето со струја нема никаков политички контекст. Над десет насто од потребите за електрична енергија Белорусија која се соочува со голема економска криза, ги покрива со увоз од Русија.
XS
SM
MD
LG