Достапни линкови

Тимошенко на суд поради злоупотреба на функцијата


Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко

Денеска во Киев почнува судењето на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко која е обвинета за злоупотреба на функцијата во врска со договорот за испорака на гас со Русија во 2009 година. Тимошенко ги отфрли обвинувањата и оцени дека станува збор за политички мотивиран случај оркестриран од претседателот Виктор Јанукович. Доколку се докаже дека е виновна, Тимошенко може да биде осудена на најмалку седум години затвор.
XS
SM
MD
LG