Достапни линкови

Сиријски тенкови бомбардирале село


Сиријски тенкови бомбардирале едно село во северозападната провинција Идлиб, јавуваат агенциите, повикувајќи се на очевидици. Според нив, притоа немало жртви. Сепак, како што додаваат агенциите, ова е знак дека сирискиот режим го интензивира воениот притисок за справување со антивладините протести во земјата. До овој напад дојде откако властите најавија дека на 10 јули ќе поканат претставници на опозиционите движења на дијалог што го вети претседателот Бахар ал Асад. Опозицијата тоа го отфрли.
XS
SM
MD
LG