Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен бомбашки напад врз хотел во Кабул -7 загинати


Нападот на хотелот во Кабул

Нападот на хотелот во Кабул

Седум лица загинаа, а осум се повредени, меѓу кои и двајца полицајци при напад на Талибанците на еден луксузен хотел во Кабул. Опсадата на хотелот заврши рано утринава, откако хилихоптери на НАТО погодија двајца од напаѓачите на покривот на зградата.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека шест бомбаши самоубијци го нападнале хотелот, кој бил омилен меѓу странците и дипломатите. Двајца од нив биле убиени од стражарите, а другите или го активирале експлозивот или биле убиени од НАТО силите.
XS
SM
MD
LG