Достапни линкови

Величковски со изложба на портрети на Боб Дилан


Дела на сликарот Владимир Величковски, инспирирани од Боб Дилан.

Дела на сликарот Владимир Величковски, инспирирани од Боб Дилан.

„Чукајќи на небесните порти“ е насловена изложбата на македонскиот уметник Владимир Величковски што ќе биде отворена в среда, во 11 часот, во Градската кафеана Пелистер во Скопје. Проектот му е посветен на легендарниот американски музичар Боб Дилан кој минатата година одржа концерт во Скопје.

70-тина портрети, главно мали формати, ќе и бидат претставени на ликовната публика на изложбата Чукајќи на небесните порти што ја попишува академскиот сликар, професор и ликовен критичар Владимир Величковски. Тој овојпат инспирацијата ја пронајде во ликот и особено
Нешто да се реализира во слика мора да проговори активно и раката на сликарот.
делото на гласноговорникот на неколку генерации Боб Дилан, кантавторот што лани на 4 јуни, во рамките на својата Непрекината турнеја, одржа незаборавен концерт на Скопски саем. Делата се настанати во перидот од една година и дел од нив нашиот уметник имаше намера да му ги подари на Дилан како добредојде во Македонија, надевајќи се дека тој ќе најде можност да ги погледне.

Дела на сликарот Владимир Величковски, инспирирани од Боб Дилан.

Циклусот е заокружен со стекнатите искуства од перформансот и под влијание на сугестивните искажувања на венцоносецот, поетот Ален Гинсберг, на Дилановата автобиографија Хроники и многуте плочи, а кога сега Величковски си приспомнува за поривот за сопствениот зафат знае да каже.

„Тоа е необичен спој, инспирација од нешто што е сеќавање да речеме и од младоста, од средината на 60-тите години до неговите актуелни пројави бидејќи знаеме дека тој активно снима албуми што се доста успешни. Еден спој на некакво сеќавање и она што го доживува и на оваа возраст како предизвик, возбуда и слично.“

На забелешката дека би било убаво оваа поставка на диланови портрети да ја види и публиката во Македонија и во државите од регионот уметникот со објаснување.

„Нешто да се реализира во слика мора да проговори активно и раката на сликарот.“

Конечно, со ваквото искуство зад себе, Величковски има намера и натаму да ја бара аналогијата помеѓу различните созвучја, сликарските бои и вибрантни линии.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG