Достапни линкови

Турција и Израел работат на подобрување на односите


Турција и Израел се подготвени да ги подобрат дипломатските односи по спорот кој настана миантата година кога израелските војници го нападнаа турскиот брод кој носеше помош за Појасот Газа, при што загинаа девет турски активисти, соопшти турски дипломат. По нападот, Турција го повлече својот амбасадор од Тел Авив, и соопшти дека билатералните односи "никогаш повеќе нема да бидат исти." Но по последните настани , се гледа дека можеби земјите ќе ги подобрат односите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати и честитка до неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за победата на изборите.Турскиот дипломат изјавил дека двете земји работат на подобрување на односите и вложуваат силни напори.
XS
SM
MD
LG