Достапни линкови

Ромпуј-следните часови одлучувачки за Грција и еврозоната


Херман ван Ромпуј

Херман ван Ромпуј

Следните часови ќе бидат одлучувачки часови за Грција, но и за евро зоната и за светската економија, изјави претседателот на Европската унија, Херман ван Ромпуј пред Европскиот парламент Грчкиот парламент неделава ја разгледува среднорочна буџетска програма и приватизација во висина од 50 милијарди евра.Меѓународните кредитори, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд, ја условуваат Грција со примена на програмата за да ја добие следната кредитна транша во висина од 12 милијарди евра, од вкупниот кредит од 110 милијарди евра. Ромпуј ги повика грчките политичари да ја преземат одговорноста. Тој призна дека програмата е тешка, но вети и помош од ЕУ
XS
SM
MD
LG