Достапни линкови

logo-print

Аванистан-налог за апсење на гувернерот на Централната Банка


Абдул Кадир Фитрат

Абдул Кадир Фитрат

Авганистан издаде налог за апсење на поранешниот гувернер на централната банка, по истрагата за вмешаност во коруптивни зделки.
Поранешниот гувернер Абдул Кадир Фитрат се наоѓа во САД, па затоа од авганистанското обвинителство дале налог за апсење и до Интерпол и до Амбасадата на САД во Кабул. Фират вчера изјави дека си поднесува оставка од функцијата, и дека неговиот живот е во опасност поради истрагата за минатогодинниот колапс на Кабулбанк, најголемата авганистанска приватна банка. Фитрат, кој има дозвола за постојан престој во САД, изјави дека нема да се врати во Авганистан.
XS
SM
MD
LG