Достапни линкови

Атина -полицијата привела 18 демонстранти


Полицијата во Атина апсела демонстранти, а во нередите се повредени најмалку 4 полицајци. Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале стапови и шишиња. Денеска во центарот на Атина илјадници луѓе протестираат против новите мерки за штедење. Полицијата соопштува дека привеле 18 луѓе. Работниците во Грција започна 48-часовен генерален штрајк, додека во парламентот се води расправа за мерките за штедење. Од усвојувањето на мерките зависи дали Грција ќе добие пари од ЕУ и ММФ. Прифаќањето на планот за штедење од страна на грчкиот Парламент е единствен начин Грција да избегне банкрот, не постои „план Б“, предупреди денеска во Брисел еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
XS
SM
MD
LG