Достапни линкови

logo-print

Заинтересираност за легализација на дивоградбите во Прилеп


Прилеп

Прилеп

Новиот Закон за легализација на бесправните градби наиде на голем одзив меѓу прилепчани.

Прилепчани покажуваат голем интерес за легализација на дивоградбите градени изминативе четири децении. Новиот Закон за третман на бесправните градби кој што им нуди можност за легализација и на станбените и на деловните објекти очигледно наиде на голем одзив. Па надлежните очекуваат дека до истекот на законскиот рок ќе
не е мал бројот и на дивите градби кои се наоѓаат во централното подрачје, тоа најповеќе се однесува на доградбите и надградбите, а во периферните населби се цели куќи.

бидат доставени над 5000 барања за легализација. Конечно со примената на оваа регулатива Прилеп ќе го реши најголемиот комунален проблем со кој се соочуваше со години. Бидејќи во градот има цели населби со дивоградби.

„Има цели населби почнувајќи од Сточното пазариште, Бончејца, над градскиот базен, непланските куќи во Марино Маало, Варош, Козле, така да овие најмногу се присутни во периферните делови на градот. Но, не е мал бројот и на дивите градби кои се наоѓаат во централното подрачје, тоа најповеќе се однесува на доградбите и надградбите, а во периферните населби се цели куќи“, вели Илија Карески, раководител на локалниот сектор за урбанизам.

Илустрација

Како што истакнува, постапката е едноставна. Граѓаните најважно е да достават барања во едношалтерскиот систем во локалната самоуправа. Врз основа на елаборатот што го добиваат од катастарот, а кој се доставува во секторот за урбанизам, надлежната комисија излегува на терен и ја утврдува фактичката состојба.

„Доколку бесправната градба се наоѓа во зона за деловни објекти, а по генералниот план е за станување се прави список, кој што преку Советот на Општина Прилеп се доставува со препорака дека може да бидат вклопени, така да истите по донесување на одлука на Советот ќе бидат легализирани. Дел кои се наоѓаат на заштитени подрачја или поголеми сообраќајници нема да бидат легализирани, но тие ќе бидат сигурно многу мал дел“, потенцира Карески.
Дел кои се наоѓаат на заштитени подрачја или поголеми сообраќајници нема да бидат легализирани, но тие ќе бидат сигурно многу мал дел.


Оние граѓани кои нема да достават барања за легализација на дивите градби како што истакнуваат надлежните по истекот на законскиот рок, ќе се соочат со опасноста градбите да им бидат урнати.

„Ќе треба да се постапува согласно со законската регулатива, односно отстранување на објектите, што мислам дека нема да се случи. Бидејќи едноставно големи се финансиските потреби за да се отстрануваат такви објекти. Меѓутоа мислам дека ќе бидат многу мал дел што нема да го искористат правото, затоа што несфатливо е да не се искористи еден вака прифатлив закон“, смета Карески.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG