Достапни линкови

Кумановскиот Црвен крст активен


Куманово
Куманово

Црвениот Крст од Куманово активно им помага на сиромашните лица кои се се побројни во услови на голема сиромаштија.

Општинската организација на Црвен крст во Куманово во континуитет интензивно собира помош за лица кои имаат потреба, вели секретарот Иле Митковски. Интересно е што, како што вели Митковски, тоа што од Центарот за социјални работи, институција со поткрепа од државата испраќаат луѓе за помош во Црвениот крст.
Црвениот крст има мисија да помага во катастрофи и воени состојби, а социјалната работа е работа на државата. Ние со нашите волонтери можеме само да помагаме.


„Црвениот крст има мисија да помага во катастрофи и воени состојби, а социјалната работа е работа на државата. Ние со нашите волонтери можеме само да помагаме. Тоа го гледаме и во соседството, но за да покажеме дека има голем број луѓе кои имаат потреба, ние правиме акции.“

Митковски додава дека младите активисти и волонтери за месецот на солидарноста собрале средства и материјали за 20-ина пакети со храна, уште толку донирал и Црвениот крст, а „Алфа банка“ донирала 10 пакети со храна кои ги поделиле.


„Но, во Куманово ако кажете дека сте поделиле 50-ина пакети, со оглед на тоа колку луѓе имаат потреба, тоа е како капка во море.“

За илустрација, Митковски додава:

„Ќе направам споредба, во Бугарија минатата година како Црвен крст на Бугарија задолжени од Министерството за земјоделие и Дирекцијата за храна и како помош од ЕУ поделиле 10 илјади тони храна, или град како Куманово поделил 174 тони храна, што е помош во времето на сиромаштија. Оваа година ќе поделат дури 16 илјади тони храна во Бугарија. Тоа е начин за соработка со државата и Црвениот крст.“

Црвениот крст може да помага во спроведување на хуманитарните акции.
Хуманоста кај луѓето ја има, но немаат со што. Реално кај секој од средни фирми во Куманово на масата има по 20-ина барања за помош,за болни. Не им е лесно и на нив да им стојат барањата за помош, но не можат секогаш да
помогнат.


„Не можеме да „испумпаме“ толку средства од стопанството кое многу малку функционира. Кај нас во Македонија уште, како и другите работи не е на соодветно ниво. Ако пред 3-4 години еден до двајца дневно или воопшто не доаѓале за помош, сега има денови кога кај нас доаѓаат и по 20 луѓе. Ние секој понеделник, вторник и среда собираме облека од граѓаните на Куманово. Ја складираме и ја делиме. Во тој дел некако и се справуваме со кризата. Но со храна и хигиенски материјали - тешко.“

Се зголемува и бројот на луѓето кои имаат потреба од социјална помош.

„На жалост - да. Секој ден, и не би издвоил групација на луѓе, различна полова, старосна, национална, или според образование. Тие немаат од каде да се снајдат, а имаат фамилии. Посебно кога се болни луѓе.“

Црвениот крст во Куманово е една од ретките организации која во кризни ситуации реагира веднаш, во текот на 24 часа, кога луѓето имаат потреба од итна помош при пожари,или некои други несреќи. Во акциите учествуваат од сто до 200 волонтери и никогаш нема проблем во однос на одзивот за помош, но недостасуваат средства кои треба да се делат.

„Хуманоста кај луѓето ја има, но немаат со што. Реално кај секој од средни фирми во Куманово на масата има по 20-ина барања за помош,за болни. Не им е лесно и на нив да им стојат барањата за помош, но не можат секогаш да помогнат.“

Црвениот крст и државните институции треба да соработуваат, но не скеогаш е така.

„Имаме и работи кои го подјадуваат Црвениот крст како на пример, за полагање прва помош. На пример, со одлуката на Владата кога беше Трајко Славески, осигурителните компании да не бидат заедно со регистрација на возилата. Ние изгубивме 60 отсто од приходите кои ни се запишани како редовни проходи. Владата нема секогаш слух. Тоа е толку решливо, тоа беше единствен пример на едношалтерски систем во нашата општина, а се зголемува бројот на возилата. Ние сме добивале и до 2 милиона денари, до пред две години. Минатата година добивме милион и сто илјади денари, оваа година и помалку ќе добиеме. А минатата година се увезоа можеби 5-6 илјади нови возила во градот.“

Црвениот крст се снаоѓа затоа што има фирми донатори кои донираат обувки и облека, но проблем се храната и средствата за хигиена, вели Митковски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG