Достапни линкови

Унгарците ќе постават статуа на Роналд Реган


Реган и Горбаџов

Реган и Горбаџов

Поранешниот америкaнски претседател Роналд Реган никогаш не ја посетил Унгарија , но неговиот придонес за ставање крај на комунизмот, за многу Унгарци е значаен. Затоа сега во Будимпешта ќе се постави втората статуа на Реган, и тоа пет години откако беша поставена биста на претседателот во еден парк. Сега Реган ќе добие цела статуа што ќе биде поставена на унгарскиот централен плоштад на Слободата. Статуата од бронза висока 2 метри ќе биде поставена утре. А на поставувањето ќе присуствува и премиерот Виктор Орбан и делегација од САД. Манифестацијата е дел од проектот за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Реган, што се одбележува низ цела Европа. Во Прага, главниот град на Чешка како дел од проектот една улица беше преименувана во Реганова.
XS
SM
MD
LG