Достапни линкови

logo-print

Голема веројатноста Грција да банкнотира


Проценките на стоковите и монетарните пазари за можноста Грција да стане неплатежно способна во моментов изнесуваат 80 проценти, изјави денеска гувернерот на британската централна банка Марвин Кинг. Банката со која раководи тој разработила план за спречување на кризните последици, во случај Атина да не успее да се справи со долговите. Евентуалната неплатежноспособност на грчката економија е потенцијална закана за финансискиот сектор на Обединетото кралство. Француските и германските банки, кои работат во Грција, во случај на крах на економскиот систем, нема да можат да ги опслужуваат кредитите, што ги добиле од британски финансиски институции.
XS
SM
MD
LG