Достапни линкови

Русија успешно тестирала нови балистички ракети


Русија соопшти дека нејзината морнарица успешно спровела пробно тестирање на балистички ракети, од новата генерација на нуклеарна подморница. Од Министерството за одбраната соопштија дека Булава проектилите биле лансирани под водата во Белото Море, што ја дели Русија од Скандинавските земји. Претходно морнарицата имаше два неуспешни обиди да ги тестира Булава проектилите, по што се појави сомнеж за еден од најскапите воени проекти на пост-советска Русија.
XS
SM
MD
LG