Достапни линкови

И САД со подршка Лагард да биде новиот шеф на ММФ


Кристин Лагард

Кристин Лагард

Соединетите држави официјално ја дадоа својата поддршка на француската министерка за финансии Кристин Лагард, за нов шеф на Меѓународниот монетарен фонд. Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјаво дека Лагард е „исклучителен талент и има широко искуство што е неопходно за да раководи со институција во еден критичен момент за светската економија.“ Кина и Русија веќе изјавија дека ќе ја подржат Лагард. Бордот на директори на ММФ денеска треба да разговара за наследник на поранешниот генерален директор Доминик Штро Кан.
XS
SM
MD
LG