Достапни линкови

Студентите не би пријавиле корупција на факултетите


Повеќе од 90 проценти од студентите не би пријавиле корупција ако тое е против нивниот личен интерс. Толкав е процентот и на оние кои не сакаат да им биде побарано, додека 78 не ги засега оваа појава, покажуваат резултатите од анкетата спроведена меѓу 330 студенти и на две фокус групи од пет различни факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,соопштуваат од Младинскиот образовен форум. Над 73 проценти мислат дека ако пријават на надлежните институции само би ја влошиле сопствената ситуација, 60 не би знаеле каде да пријават корупција, дури и ако сакаат тоа да го сторат, а 46 проценти оти со пријавувањето ништо не би промениле. Една четвртина од анкетираните дале пари, подароци или други услуги при упис на факултет, за добивање стипендија, или полагање испит. Студентите се изјасниле дека се одлучуваат на корупција затоа што сите тоа го прават а тука е и притисокот од родителите да завршат школо.
XS
SM
MD
LG