Достапни линкови

Кина и подава рака на Европа за излез од кризата


Меркел и Џиабао во Берлин

Меркел и Џиабао во Берлин

Кинескиот премиер Вен Џиабао изјави денеска дека Пекинг е подготвен да и подаде рака на Европа за излез од должничка криза. Според Џиабао тоа би се направило преку купување на државниот долг на некои земји од еврозоната, ако тоа е потребно. По средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, кинескиот премиер изјави дека Кина ја дава својата подршка за еврото и има доверба во валутата. Кина и Германија денеска потпишаа договори вредни повеќе од 15 милијарди долари. Во рамки на својата европскa турнеја Џиабао ги посети Украина и Велика Британија, пред да ја посети Германија.
XS
SM
MD
LG