Достапни линкови

logo-print

Високата школа за новинарство отвара Катедра за постдипломци


Новинари на прес конференција

Новинари на прес конференција

Од анкетирани 8.000 илјади средношколци, само 1, 4 процети сакале да бидат новинари или во сродни професии. Ова анкета која минатата година ја спровеле од Високата школа за новинарство покажува дека младите чуствуваат дека новинарската професија не е исплатлива и респектирана, вели директорката на Високата школа Жанета Трајковска. Затоа Трајковска смета дека стандардизацијата на новинарското образование ќе придонесе за враќање на кредибилитетот на новинарството. Високата школа отвара и Катедра за медиуми, дијалог и заемно разбирање за постдипломци со подршка и партнерство на УНЕСКО. Тоа значи дека отсега ќе има и специјалистички, а потоа и магистерски студии, на кои на крај студентите ќе добијат дипломи со печат од неколку европски универзитети.
XS
SM
MD
LG