Достапни линкови

Генерален штрајк во Грција


Во Грција денеска започна 48 часовниот генерален штрајк, додека во Парламентот се очекува гласањето за новиот пакет мерки за штедење. Десетици илјади луѓе се очекува да се соберат пред парламентот во Атина, а блокиран или со проблеми е целиот сообраќај во Грција. На граничните премини кон Грција исто така има проблеми поради штрајкот на грчките цариници и полицајци. На преминот Богородица, товарниот сообраќај е целосно во прекин, а патничките возила се пропуштаат на секои два часа по 15-тина минути.
XS
SM
MD
LG