Достапни линкови

logo-print

Папандреу побара политичка поддршка за мерките за штедење


Со невработеност од над 16 проценти грчките синдикати се лути поради програма за заштеда на 28 милијарди евра за која сега се преговара во парламнетот. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги повика сите политички партии да го поддржат непопуларниот план за штедење, кој меѓународните кредитори го поставија како услов за доделување на нова помош на Грција. Папандреу изјави дека гласањето за поддршка на предлог буџетот ќе стави крај на неизвесноста, со која се соочува Грција. Расправите во парламентот ќе продолжат до среда, кога ќе биде гласана програмата, а гласањето на законот за нејзината примена ќе биде во четврток.
Проектот предвидува штедење во висина од 28,6 милијарди евра во буџетот за периодот од 2012 до 2015 година, проследен со планот за приватизација во вредност од 50 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG